Седлоски: Мечот против Лапи во Скопје ќе биде само прво полувреме

Прволигашот Шкупи утре ќе го пречека косовскиот Лапи во првиот натпревар од двомечот во првото коло на новоформираната Конференциска лига на УЕФА. Тренерот на чаирчани, Гоце Седлоски вели дека иако сите Шкупи го сметаат за фаворит, Лапи е квалитетен противник и дека нема да биде едноставно.

„Иако сите мислат дека ќе биде лесно, се работи за една добра екипа која оваа година преку Купот дојде да игра во Европа. Но, мислам дека моите момци ќе го дадат максимумот. Мечот во Скопје ќе биде прво полувреме, па мора да бидеме претпазливи. Немаме проблеми со тимот и ќе го дадеме максимумот за реваншот кој ни следува за седум дена.  Се надевам дека новите играчи ќе бидат добри засилувања и ќе ги заменат сите кои си заминаа. Сите ги примија добро новите играчи и со една колективна игра ќе дојдеме до посакуваната цел“, изјави Седлоски.

Натпреварот меѓу Шкупи и Лапи ќе се игра утре на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот.

Се вчитува...