Титулата е освоена. Вардар по 12-ти пат е шампион на Македонија. Денеска слават сите љубители на „црвено-црните“ по победата во Струга.
Слави и Гоце Седлоски. Вардаровиот тренер успеа да дојде до нова титула со Вардар во шампионатот. Освои три шампионски пехари со овој тим, еден Куп трофеј, и еден Супер-Куп. Сега неговата ера во најтрофејниот клуб завршува, и се фокусира кон предизвиците во репрезентацијата.
„Заслужено сме шампиони. Ја освоивме титулата со квалитетен тим кој на поголемиот дел од мечевите доминираше и сметам дека на крајот заслужено завршивме како први. Честитки до играчите кои одиграа на високо ниво во текот на сите 33 кола. На најдобар можен начин заврши оваа нова етапа во Вардар, со титула, претходно и со Куп . Заминувам горд на она кое го остваривме и му посакувам на Вардар многу успеси во иднина“, ни изјави Гоце Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
