Седлоски: Не сум задоволен од второто полувреме, но најважна е победата

Шкупи продолжи со одличните игри во Првата лига, триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци и задржувајќи се на чело на табелата.

Кавадарчани имаа неколку убави шанси за израмнување во второто полувреме, но избраниците на Гоце Седлоски го издржаа притисокот и стигнаа до значајни три бода.

„Отпатувавме за Кавадарци со само една цел – победа и три бода. Не сум задоволен од второто полувреме бидејќи направивме многу грешки, но најважно од се е што стигнавме до трите бода. Овој триумф е мноу значаен, но сега треба да се фокусираме на наредните натпревари“, изјави Седлоски.

Шкупи по десет одиграни кола се наоѓа на првото место на табелата со 23 бода, два повеќе од второпласираната Ренова. Во следното коло тимот на Седлоски ќе ја пречека токму Ренова

Се вчитува...