Седлоски: Освоивме многу важни бодови

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, смета дека неговите избраници ја заслужиja победата во соседското дерби против Работнички. Тие славеа со головите на Дамир Којашевиќ и на Бобан Николов, а освоени се значајни бодови во трката за шампионскиот трофеј.

„Сосема заслужена победа. Добро го започнавме натпреварот, имавме неколку шанси од самиот старт, постигнавме важен погодок во првиот дел. Противникот создаде шанси после наши грешки, но успевавме да ја зачуваме мрежата. Во второто полувреме имавме мал пад на играта, Работнички посакуваше израмнувачки погодок, повторно добија можности преку грешки на моите фудбалери, на кои ќе мора многу да работиме за да ги поправиме. Честитки и до двете екипи, Работнички е еден незгоден противник, затоа и овие три бода се многу важни за нас“ – изјави Седлоски по триумфот.

Се вчитува...