Седлоски: Замените пресудија за заслужената победа

Шкупи запиша повеќе од значајна победа во дербито на 8. коло од Првата македонска фудбалска лига, на гостувањето против Академија Пандев. Сето тоа како момент плус во битката за врвот на првенствената табела за чаирчани.

Шефот на стручниот штаб, Гоце Седлоски вели дека е задоволен од триумфот на својот тим нагласувајќи дека замените во второто полувреме во голема мера пресудиле околу победата од 1-3.

„Морам да им честитам на играчите за оваа победа. Ова е многу важна победа за нас, сосема заслужени три бода. По примениот гол направивме некои замени како би добиле неопходна дополнителна енергија на теренот по што почнавме сериозно да напаѓаме. Не сакам да зборувам за пеналите, но можам да кажам дека направивме многу шанси и одигравме квалитетно. Сега фокусот го насочуваме на следниот меч со Работнички кој исто така е важен. Ги повикувам навивачите да направат добра атмосфера и заедно да славиме нова победа“ – истакна Седлоски по вчерашниот натпревар во Струмица.

Се вчитува...