Седум гола на „Филип Втори“ и триумф на Ренова (ФОТО)

Ренова со успех го отвори новиот шампионат на Македонија, славејќи против Работнички на арената „Филип Втори“ со 3-4. Одбраната на „романтичарите“ беше катастрофална на овој меч, а тоа „гипсарите“ знаеја да го искористат. По само 11 минути поведоа со 0-2. Сулејмани и Јусуфи ја погодија мрежата на Божиновски и најавија триумф на Ренова.

Петар Петковски со одличен погодок во 23.минута намали на 1-2, а на почетокот на вториот дел, по големата грешка на Леон Најдовски, Ренова повторно се одлепи со голот на Влатко Стојановски. Остоја Стјепановиќ реализираше пенал за 2-3, но повторно Влатко Стојановски беше кобен за „романтичарите“.

На крајот, Александар Ристевски си постигна автогол во 86.минута, за конечни 3-4. Седум гола на „Филип Втори“ и три бода за „гипсарите“.

Се вчитува...