Допинг-скандал: Позитивни седум играчи на Ривер Плата

Аргентинскиот фудбалски клуб Ривер Плата се соочува со сериозни проблеми откако седум играчи на оваа екипа се осомничени за користење недозволени супстанци за време на натпреварите од Копа Либертадорес. Скандалот беше најавен со позитивните тестови на Лукас Мартинез и Камило Мајада, кои беа откриени по средбите со Меглар, односно Емелек.

Случајот за овие двајца играчи бил откриел при редовна контрола, а по случаен избор била извршена проверка на уште пет играчи: Џонатан Маидана, Игнацио Фернандез, Лукас Аларио, Леонардо Понзио, како и Себастијан Дриуси, за кого во последно време се шпекулира дека својата кариера треба да ја продолжи во Рома/

Медицинскиот персонал на институцијата Нунез верува дека сите засегнати играчи го консумираат истиот витамински „микс“. Тоа е овластен лек што вообичаено се користи во професионалните фудбалски клубови, но чиј состав во оваа прилика вклучил и забранета супстанција.

Во соопштението на клубот наведени се Мартинез и Мајада како главни осомничени, но претпоставуваат дека овие супстанци ги има и во други производи што фудбалерите ги користат, и дека од таму произлегуваат овие проблеми. Раководстовот на Ривер Плата ќе побара ново тестирање, но веќе подготвува одбрана доколку пристигне тужба од фудбалската федерација.

Се вчитува...