Седум парчиња за Бохум – Баерн нема милост за ривалите во Бундес-лигата

Баерн Минхен ја продолжи серијата импресивни настапи во Бундес-лигата откако баварскиот гигант забележа уште една убедлива победа, овојпат на гостувањето против Бохум со 0-7.

Лирој Сане го отвори фестивалот на погодоци на стадионот во Бохум постигнувајќи еврогол во левиот горен агол од голот на домаќините. На 0-2 зголеми Матијс де Лихт, а по него до крајот на полувремето меѓу стрелците се запишаа и Коман и Садио Мане, а Баерн имаше и еден поништен гол со ВАР.

Избраниците на тренерот Нагелсман не покажаа милост во вториот дел, продолжувајќи со офанзивата кон противничкиот гол. Најпрвин прецизно стрелаше Садио Мане од пенал во 60. минута, следеше автоголот на Гамбоа девет минути подоцна за 0-6, додека седмиот гол за Баерн беше дело на „резервистот“ Гнабри.

Се вчитува...