Седум рекорди кои го делат Ѓоковиќ од вечноста

Откако го освои својот 10. Австралија опен и вкупно 22. гранд-слем, Новак Ѓоковиќ речиси остана без предизвици во неговата кариера.

Сепак, има уште неколку достигнувања што може да ги постигне и рекорди што може да ги сруши, особено ако се земе предвид дека тенисот не е исклучиво машки спорт и дека некои тенисерки успеале да го направат она што ниту еден тенисер не го има.

Така, 35-годишниот Ѓоковиќ има седум рекорди кои може да ги постигне, по што може да се пензионира како најголемиот на сите времиња.

Со освојувањето на Австралија опен, Ѓоковиќ го зголеми бројот на гранд-слем трофеи на 22, израмнувајќи се со Рафаел Надал. Сепак, тој се уште не го престигнал, а следниот голем турнир е на „домашниот терен“ на Надал, Ролан Гарос. Една од целите секако е да ја заврши кариерата со повеќе „слемови“ од Надал. Кога се гледа женската конкуренција и периодот пред опен ерата, рекордер по бројот на гранд-слемови е на Австралијката Маргарет Корт, која ги освоила 24.

Ѓоковиќ со освојувањето на Мелбурн се врати на првото место на листата на најдобри тенисери во светот, каде што е веќе 374 недели во кариерата. Во тој поглед, тој е дефинитивно рекордер меѓу тенисерите, но не и севкупно, вклучително и тенисерките. Германката Штефи Граф ја предводеше ВТА листата 377 недели, рекорд што Ѓоковиќ најверојатно ќе го собори на крајот на февруари.

Кога го освои Австралија Опен минатата година, Рафаел Надал се изедначи со Ѓоковиќ како единствениот тенисер кој ги има освоено сите четири Грен слемови најмалку двапати. Доколку го освои Ролан Гарос, Србинот ќе стане првиот што ќе победи на секој гранд-слем најмалку три пати.

Ѓоковиќ е крал на Австралија опен, Надал е крал на Ролан Гарос, а кога е Вимблдон во прашање, владее Роџер Федерер. Швајцарецот осум пати го освојуваше најголемиот тениски турнир во светот, но Ѓоковиќ е на пети, има само една титула помалку. Тоа значи дека веќе оваа година би можел да го достигне, а следната година да го престигне и да биде крунисан како крал на „Ол Ингланд клубот“. За апсолутен рекорд на Вимблдон, сметајќи ги двете конкуренции, му требаат уште три трофеи, за да ја надмине легендарната Мартина Навратилова, која девет пати триумфираше во женска конкуренција.

Освојување златен медал на ЛОИ е веројатно најтешкиот предизвик за Ѓоковиќ, пред се поради неговите години. Во неговиот прв олимписки настап во Пекинг во 2008 година, Ѓоковиќ освои бронза, откако беше елиминиран во полуфиналето од Надал.

Во Лондон 2012, Рио 2016 и Токио 2020, односно 2021 година, тој не се натпреваруваше за медали, па олимпиското злато е единствениот голем трофеј што се уште го нема освоено. Следниот напад, веројатно последниот, ќе биде следната година во Париз кога ќе има 36 години.

Се вчитува...