„Седумка“ на Војдан во големата победа над Бамберг

Војдан Стојановски и Олденбург вечерва стигнаа до фантастична победа од 86-93 на гостувањето против Бамберг, триумф со кој тимот на македонскиот капитен си го осигура второто место на табелата во пресрет на плејофот во германскиот шампионат.

Олденбург лошо ја одигра само првата четвртина во која губеше со 29-18, по што Стојановски и соиграчите ја презедоа контролата, направија пресврт и на крајот стигнаа до заслужена победа.

Војдан одигра 20 минути, период во кој постигна седум поени (3/4 за два, 1/2 за еден поен) и еден скок. Најдобар поединец кај Олденбург беше Камингс со 23 поени, а убедливо најдобар стрелец на натпреварот беше Тајриз Рајс од Бамберг со 33 поени зад своето име.

Се вчитува...