„Седумка“ за старт на мисијата „Косово – Романија“ (фотогалерија)

Седум кошаркари се појавија на стартот од подготовките за претквалификациите за Евробаскет 2021, за кои е повеќе од јасно дека ќе се нема премногу време за воигрување и темпирање на формата пред премиерниот дуел со Косово.

Бојан Крстевски, Кире Николовски, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Адем Мекиќ, Предраг Пајиќ и Александар Костоски од денеска му се на располагање на стручниот штаб, од недела ќе им се приклучат шестмината членови на МЗТ (денеска и утре ќе играат контролни средби за својот тим против Левски Лукоил), а последни ќе пристигнат тројцата интернационалци, Бојан Трајковски, Стојан Ѓуроски и капитенот Војдан Стојановски.

Желбата е јасна, веќе на првиот натпревар да се реваншираме на Косово за ланскиот пораз во Приштина и да си ги зголемиме шансите за првото место. Задачата не е лесна, уште повеќе ако се земе во предвид фактот дека најверојатно ќе немаме ниту помош од натурализиран игра во битката под обрачите, но Давитков и кошаркарите се оптимисти дека ќе се одговори на овој предизвик, за нов чекор напред на оваа репрезентација по големиот пад во претходните две години.

Се вчитува...