„Седумката“ од Роналдо во Реал доби нов сопственик?
Кристијано Роналдо летово го напушти Реал Мадрид и во сензационалниот трансфер се пресели во Јувентус. Мадридскиот тим вчера конечно доби ново засилување што треба да ја пополни празнината во офанзивната линија на мадридскиот тим.
После многу шпекулации, на „Сантијаго Бернабеу“ се врати Маријано Дијаз. И токму 25 годинишниот фудбалер кој минатата сезона импресионираше во дресот на Лион, го доби дресот со култниот број седум кој со години наназад го носеше Роналдо.
„Хуанито, Бутрагењо, Раул, Кристијано…и сега Маријано!!! Реал Мадрид ја има својата нова „седумка“ – најави на Твитер, шпанскиот новинар Мигел Дијаз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА