СЕФ-от на Државна лотарија на Македонија – полн 600.000 денари отворен во Скопје

Инстант лозот СЕФ на Државна лотарија на Македонија донесе добивка од 600 000 денари на своја верна и редовна добитничка, која сакаше да остане анонимна . На 10.12.2017 година на среќното место на Државна лотарија на Македонија лоцирано во скопски Сити Мол , водена од датата  на своето раѓање, 10-ти, таа купила инстант лоз СЕФ. Од неколкуте инстант лозови кои ги нуди Државна лотарија на Македонија  се решила токму за СЕФ , иако до сега многу пати гребела и Златна Рипка и ДИЈАМАНТ . Кога ја открила шифрата на  СЕФ-от  со број 501, и ја пронашла во останатите 6 полиња за игра , најпрво не верувала дека е добитник на главната премија од овој лоз, 600 000 денари . По доаѓањето во просториите на Државна лотарија на Македонија се увери во својата добивка , и ни рече дека средствата ќе бидат добредојдени во семејството за прославата на Новогодишните Празници.

SEF 600 000

Инаку , СЕФ -от на Државна лотарија на Македонија е полн со најразлични парични добивки , почнувајќи од 40 денари па се до 600.000 денари. Најголемата добивка  од 600 000 денари е предвидена за тројца најуспешни отворачи на СЕФ -от , а за другите играчи овој инстант лоз нуди 5 добивки од 100.000 денари, 10 добивки од 50.000 денари итн. се до 135.000 добивки од по 40 денари.  Цената на инстант лозот е 40 денари , па затоа не пропуштајте ја шансата да го отворите СЕФ- от и да добиете една од 167.238 добивки кои ги нуди овој лоз. Играта е забавна , а лозот е добитен доколку трицифренета шифра впишана во полето ОТВОРИ ГО СЕФОТ се совпаѓа со една од трицифрените шифри кои се наоѓаат во шесте полиња означени со 1 2 3 , а знаците € € ја кријат паричната добивка. Првата серија на овој инстант лоз е 500 000 лозови , а во неа секој трет лоз е добитен .

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија многу пати до сега израдувала многу играчи , бидете и вие дел од игрите на среќа , бидејќи само КОЈ ИГРА , ТОЈ и ДОБИВА.

.

 

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО !       

Се вчитува...