СЕФ полн 50 000 денари за пензионерка која го посети настанот – „Месец на среќата“ на Државна лотарија на Македонија

Денес, 03.11.2017 година како што и претходно најавивме Здружението на пензионери на град Скопје, го посети настанот наречен МЕСЕЦ НА СРЕЌАТА , а во организација на Државна лотарија на Македонија и Црвен Крст на град Скопје.  Пријатната атмосфера од заедничкото дружење на пензионерите и вработените во Државна лотарија на Македонија , и по многуте разговори , одговорени прашања, разменети идеи и мислења ,беше   крунисана со  добивка од инстант лозот СЕФ вредна 50 000 денари.

Една од посетителките , пензионерката Верка Наумовска од скопска Кисела Вода, со ситните пари кои ги имала со неа , купи инстант лоз СЕФ , вреден 40 денари. И иако ова и беше прв инстант лоз кој го изгребала во Македонија , веднаш успеа да ја открие шифрата на СЕФ-от , која и донесе 50 000 денари. Добивката замина во прави раце , а првите честитки Верка ги доби од водителката Марјана Станојковска и од претседателот на Собранието на Сојуз на здруженија на пензионери на Град Скопје , господинот Љупчо Димовски. Инаку Верка Наумовска е пензионерка која живеела во Шведска , каде на инстант лотарија изгребала добивка вредна близу 10 000 €, а СЕФ-от беше нејзин прв лоз купен во Македонија, и веднаш добитен со 50 000 денари.

Dobitnicka 50 000 SEF

Инаку, инстант лотаријата СЕФ  на Државна лотарија на Македонија е полна со најразлични парични добивки , почнувајќи од 40 денари па се до 600.000 денари. Најголемата добивка  од 600 000 денари е предвидена за тројца најуспешни отворачи на СЕФ -от , а за другите играчи овој инстант лоз нуди 5 добивки од 100.000 денари, 10 добивки од 50.000 денари итн. се до 135.000 добивки од по 40 денари.  Цената на инстант лозот е 40 денари , па затоа не пропуштајте ја шансата да го отворите СЕФ- от и да добиете една од 167.238 добивки кои ги нуди овој лоз. Играта е забавна , а лозот е добитен доколку трицифренета шифра впишана во полето ОТВОРИ ГО СЕФОТ се совпаѓа со една од трицифрените шифри кои се наоѓаат во шесте полиња означени со 1 2 3 , а знаците € € ја кријат паричната добивка. Првата серија на овој инстант лоз е 500 000 лозови , а во неа секој трет лоз е добитен .

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија многу пати до сега израдувала многу играчи , бидете и вие дел од игрите на среќа , бидејќи само КОЈ ИГРА , ТОЈ и ДОБИВА.

.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО !  

Комерцијален текст      

Се вчитува...