Сега е и официјално: Милан го отпушти Џампаоло

Раководството на Милан вечерва само ја потврди одлуката донесена во текот на денот, Марко Џампаоло од вечерва и официјално не е член на гигантот од „Сан Сиро“. Овој стратег пристигна летово на местото на Џенаро Гатузо, но не ги оправда очекувањата, по што по само седум натпревари доби отказ.

„Марко Џампаоло беше отпуштен од функцијата тренер на првиот тим. Клубот му е благодарен на Марко за досегашниот ангажман и му посакува многу среќа во натамошниот дел од кариерата“ – се вели во краткото соопштение на „росонерите“.

Неговиот наследник Стефано Пиоли веќе е пристигнат во Милано. Тој се договори за двогодишна соработка за плата од 1,5 милиони евра по сезона, а се очекува официјалната промоција да ја има во текот на утрешниот ден.

Се вчитува...