Сега е официјално: Спектакуларниот бокс меч Фјури-Џошуа ќе се одржи во декември

Поранешните светски шампиони во тешка категорија, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, ќе боксуваат еден против друг на 11 декември на стадионот во Кардиф.

На мечот кој се чекаше и заговараше дури 15 години, конечно е договорен и ќе биде се одржи на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф кој има капацитет од 74.000 гледачи, односно 80.000 за големи боксерски спектакли каков што ќе биде тој меѓу Фјури и Џошуа.

„Цели 15 години никој не успеа да го договори овој спектакл. Уште во април реков дека било каква објава ќе дојде од мене и сега можам да потврдам дека Фјури и Џошуа доаѓаат во Обединетото Кралство како што им ветив на британските боксерски фанови“ напиша саудискиот промотор Турки Алалшик, кој е организатор на спектаклот.

Алалшик и телевизиската платформа Нетфликс која ќе врши директен пренос од спектаклот, првично планираа мечот да се одржи во легендарната арена „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, но на крајот се одлучија за Кардиф со цел британските боксери да боксуваат пред домашни фанови.

Се вчитува...