Сега е полесно: Цел тим Наполи со негативни тестови за Covid-19, Елиф Елмас доаѓа за дуелот со Косово

Целиот тим на Наполи е негативен на Covid-19, откако во неделата имаше дуел во Серија А со Џенова, составот на Горан Пандев, каде се појавија 14 „позитивни“ случаи. За среќа, Пандев не е меѓу нив, иако Џенова се уште официјално ги нема соопштено имињата на позитивните фудбалери.

Наполи пред неколку минути официјално потврди дека нема ниту еден фудбалер или член на стручниот штаб кој во моментот е позитивен на коронавирусот. Тоа значи дека Елиф Елмас е сигурен за настап за мечот против Косово на 8 октомври во Скопје. Утре целиот тим на „наполитанците“ ќе изврши уште едно тестирање како мерка на внимателност.

Се вчитува...