Сега и дефинитивно е готово! Леверкузен го потврди заминувањето на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо и дефинитивно заминува од Баер Леверкузен, објави клубот. Алонсо денеска на состанок ги информирал челниците дека сака да оди во Реал Мадрид, по што му е излезено во пресрет.

Негова следна дестинација ќе биде Реал Мадрид, од каде актуелниот тренер Карло Анчелоти ќе се раздели од кралскиот клуб после дербито со Барселона, без оглед на резултатот. Но, Чаби нема веднаш да го преземе кормилото, туку по завршувањето на сезоната.

Алонсо ќе остане засекогаш запишан во историјата на германскиот тренер, како предводник кој ја освои првата историска титула со клубот во неговата долга историја. И тоа го стори на импресивен начин, со само еден пораз во целата сезона, и тоа во финалето на Лигата на Европа против Аталанта, трофеј кој остана неосвоен.

Се вчитува...