Сега и Мбапе му се налути на Тухел… (ВИДЕО)

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, делува како да не може да наметна авторитет над „ѕвездите“ на актуелниот француски првак.

Тој веќе подолго време е во конфликт со Нејмар, сезонава не може да најде заеднички јазик ниту со Кавани, а ситуацијата се влоши откако во финишот од дуелот со Монпелје германскиот стратег реши да го повлече од игра Килијан Мбапе.

На најдобриот стрелец на ПСЖ дефинитивно не му беше сеедно, Тухел се обиде да му ја објасни својата одлука, но Мбапе не сакаше да го слуша, поздравувајќи се со соиграчите, но не обрнувајќи му внимание на тренерот.

Мбапе до тој момент беше најдобар поединец на теренот, со еден гол и две асистенции носејќи целосен пресврт во победата од 1-3 на „светците“ од Париз.

Се вчитува...