Реал Мадрид денеска го официјализираше четвртиот трансфер во овој преоден рок, потпишувајќи договор со Дензел Дамфрис. Холандскиот десен бек по настапот на СП 2026 ги мина лекарските прегледи, по што следеше и потписот на договорот со „кралевите“, со важност до 2030 година.
Дамфрис пристигнува од редовите на Интер, од каде беше доведен за сума од скромни 20 милиони евра, активирајќи ја клаузулата што ја имаше Холанѓанецот во договорот со „нероаѕурите“.
Дамфрис е четвртото засилување што Реал го носи летово под водство на Жозе Мурињо, откако претходно беа комплетирани и трансферот на Бернардо Силва, Ибрахим Конате и Марк Кукуреља.
🤍 Denzel Justus Morris Dumfries. pic.twitter.com/pED9e585w8
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 5, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
