Сега и официјално: Димитријевиќ две години во Арис

Ненад Димитријевиќ за првпат во својата богата кариера ќе настапува во грчкиот шампионат и тоа како член на Арис, откако македонскиот плејмејкер денеска го потпиша двогодишниот договор со клубот од Солун.

Баерн денеска и официјално се збогуваше од Нено решавајќи да не го задржи Македонецот во своите редови, Зенит уште пред една седмица го раскина договорот со македонскиот репрезентативец, по што немаше никаква пречка за тој да се пресели во грчкиот шампионат, како предводник на новиот проект на чија клупа се наоѓа легендарниот Василис Спанулис.

Токму разговорите со Спанулис беа пресуден фактор Димитријевиќ да го избере Арис за следна дестинација во кариерата, овој клуб најавува дека од следната сезона (2027/28 ќе атакува на билет за Евролигата), а Нено би требало да биде еден од лидерите на тимот заедно со центарот Бирч кој пристигна од Фенербахче.

Арис попладнево објави дека е потпишан двогодишен договор со македонскиот кошаркар, кој ќе треба да се појави од стартот на подготовките на новиот клуб.

Се вчитува...