СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО: Гатузо нов селектор на Италија

Италијанската федерација потврди. Џенаро Гатузо е нов селектор на репрезентацијата на Италија. Тој доаѓа на местото на Лучијано Спалети, кој доби отказ по катастрофалниот пораз од Норвешка во рамките од квалификациите, со што се загрозува местото на Италија на идниот Мундијал.

Гатузо доаѓа на кормилото на Италија, откако во минатата сезона го предводеше Хајдук, со кого не успеа да ја освои титулата.

„Гатузо е симбол на италијанскиот фудбал“, рече претседателот на Италијанската федерација Габриеле Гравина.

„Неговата мотивација, неговиот професионализам и неговото искуство ќе бидат фундаментални за најдобро да се справиме со претстојните обврски на Националниот тим. Свесен за важноста на целта што сакаме да ја постигнеме, му се заблагодарувам за достапноста и целосната посветеност со која го прифати овој предизвик, споделувајќи го проектот на ФИГЦ за целокупниот развој на нашиот фудбал, во кој синиот дрес игра стратешка централна улога“, вели Гравина.

Се вчитува...