Екипата на Челси официјално го промовираше Џејми Гитенс за нов фудбалер. Тој доаѓа од Борусија Дортмунд, која ќе добие повеќе од 50 милиони фунти за неговите услуги, а 20-годишниот фудбалер потпиша договор до 2032 година.
Гитенс дојде во Дортмунд како 16-годишник од Манчестер Сити, и се наметна со своите игри и настапи во дресот на „милионерите“, кој уште еднаш продава млад играч за многу повеќе пари отколку што беше купен.
„Одлично е чувството да се биде во голем клуб како Челси. Не можам да дочекам да учам од сите од тимот, и да го дадам максимумот за овој клуб. Ова е магично чувство“, рече Гитенс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА