Она кое беше познато и претходно, денеска стана и официјално. Наполи и Антонио Конте се разделија една година пред истекот на договорот на италијанскиот стручњак. Наполиу му се заблагодари на Конте за досегашната соработка.
„Наполи објавува дека спогодбено ги раскина работните односи со тренерот Антонио Конте и неговиот стручен штаб пред нивното природно истекување.
Г-дин Конте беше на чело на нашиот тим две сезони, го предводеше Наполи до нивното четврто Скудето на 23 мај 2025 година и до победа во Суперкупот на Италија на 22 декември минатата година.
Им благодариме на тренерот и неговиот персонал за нивната одлична работа и им посакуваме се најдобро за иднината и за професионалните предизвици што ќе одлучат да ги преземат“, стои во објавата на Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
