Сега е и официјално! Жозе Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид, потврди најтрофејниот европски клуб. На денешниот состанок управниот одбор на чело со претседателот Флоренрино Перез, се согласи да го назначи Португалецот за тренер.
Договорот е на три сезони, односно до 30 јуни 2029 година. Мурињо ќе почне со подготовките на 13. јули. Доаѓа од таборот на Бенфика, која ќе добие 15 милиони евра отштета.
За Мурињо ова е втор мандат на клупата на „кралевите“. Тој беше на чело на овој клуб три години, од 2010 до 2013 година.
Comunicado Oficial: José Mourinho
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 11, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
