„Сега многу нешта зависат само од нас…!“

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Елиф Елмас на извонреден начин го потврди сиот свој потенцијал и фудбалски раскош со два погодоци за победа на Македонија против Словенија во Скопје, која не остави во трката за една од двете водечки позиции во квалификациската Група Г за пласман на ЕП 2020.

Триумф кој ја врати надежта кај секој фудбалски вљубеник за ЕП, триумф кој носи дополнителен мотив и за сега веќе најважниот натпревар во битката за историја. За сето тоа е свесен и Елмас кој потенцира дека сега некои нешта зависат и од нас самите…

„Покажавме против Словенија кои сме и што сме, но сега сме концентрирани на овој многу важен натпревар со Полска. Секако дека сакаме победа, и ќе се бориме за неа. Мора да си признаеме дека сега некои нешта зависат и од нас самите. Квалитетот на нас како поединци и како тим мора да го потврдиме против една селекција како Полска од највисок европски ранг“ – вели Елмас пред вечерашната пресметка на Националниот стадион во Варшава која почнува од 20:45 часот.

 

Се вчитува...