Сега веќе се поизвесно: Боатенг во ПСЖ!?

Баерн Минхен сега веќе се поизвесно до крајов на летово ќе го загуби стоперот Жером Боатенг кој е блиску до трансфер во ПСЖ.

Боатенг беше на радарот на Жозе Мурињо, но Манчестер јунајтед не беше подготвен да го плати бараниот износ. А, иако имаше застој во преговорите, сега веќе на големо се зборува дека ПСЖ е подготвен да плати за ангажман на дефанзивецот на Баерн Минхен.

„Шансите се 50-50. Боатенг му кажа на Карл-Хајнц Румениге дека сака да си замине. Ако тоа навистина го сака тогаш ние не можеме да го запреме. Ние ќе бараме други алтернативи на дефанзивните позиции“ – вели претседателот на Баерн, Ули Хенес.

„Да, ПСЖ е заинтересиран. Ние сакаме да остане затоа што е фантастичен играч но ништо не може на сила“ – дополнува Хенес.

Се вчитува...