Сегашниот тренер на ПСЖ ќе го води Наполи?

Сегашниот тренер на ПСЖ Кристоф Галтие, е фаворитот за преземање на клупата на Наполи. Галтие го водеше ПСЖ до титулата во Франција, но парижаните имаат намера да го раскинат договорот со 55-годишниот стручњак.

Наполи бара нов тренер после разделбата со Лучијано Спалети. Французинот се поврзуваше и со Олимпик Марсеј, кој исто така бара тренер по оставката на Игор Тудор.

Галтие речиси сигурно заминува од кормилото на ПСЖ. Парискиот тим цели кон звучно име за тренерската позиција, а засега како најсериозни фаворити се споменуваат Жозе Мурињо и Луис Енрике.

Се вчитува...