СЕХА Ф4: Вардар води на полувреме против Загреб, го загуби Дисингер

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

Вардар и Загреб играат израменто прво полувреме од финалната пресметка за СЕХА трофејот. По воведните 30 минути, македонскиот првак и бранител на титулата води против хрватскиот шампион со 14-12.

Најголемата предност што ја имаше една од екипите е три гола до која одјде Загреб во 11 минута кога поведе со 7-3, но следуваше експресна реакција на Вардар по што резултатот се врати во израмнета ситуација.

Од 17. минута „црвено-црните“ се без Рожерио Мораеш кој доби директен црвен картон. Првото водство на средбата Вардар го имаше во 23. минута кога поведе со 11-10, а потоа Чупиќ пропушти и огромна прилика за два гола позитива. Двата гола предност ги донесе Дисгингер во 27, минута, а на максимални три предност во првото полувреме зголеми Дибиров. На паузата Вардар отиде со два гола предност.

П 30 минути, прв стрелец кај Вардар е Дибиров со четири гола, по два имаат Скубе, Стоилов и Криштопанс.

Во вториот дел, Вардар ќе мора без повредениот Дисингер кој поради повреда на рамото го напушти теренот, а фаулот над него предизвика прекин на натпреварот во последната минута.

 

 

Се вчитува...