Стеауа се покажа како неуспешен експеримент, но челниците на СЕХА-лигата повторно размислуваат за ширење на регионалното натпреварување кон Романија, овојпат со актуелниот првак на оваа земја, Динамо Букурешт. Станува збор за квалитетен состав кој беше брз пораз во неелитните групи од ЛШ, потоа со две победи го елиминираше и Спортинг Лисабон, но поради одлуката на ЕХФ не го одигра двомечот од осминафиналето против ПСЖ.
За Романците речиси сигурно ќе нема место во новоформираната Лига на шампиони, па токму затоа размислуваат за учество во СЕХА.
„Можам да птоврдам дека имавме разговори со луѓето од СЕХА-лигата и ќе учествуваме во ова престижно натпреварување, во кое гордо ќе го претставуваме романскиот ракомет“, изјави претседателот на Динамо Букурешт, Даниел Георгеску.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА