СЕХА лигата стартува на 10. октомври со десет екипи, Вардар во полесната група

Новото издание на СЕХА лига ќе стартува на 10. октомври, одлучи раководството на регионалното натпреварување.

Сезонава, за разлика од претходните, ќе има десет екипи без руската ЦСКА Москва и кинескиот тим со седиште во Загреб, Пекинг Универзитет.

Според утврдениот систем, екипите ќе бидат поделени во две групи, со тоа што неопходно тимови од иста земја мора да бидат во различни групи. Поделбата по групи е направена географски за да се избегнат долгите патувања.

Македонскиот шампион Вардар ќе биде во групата А заедно со Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Нексе Нашице.

Битолски Еурофарм Пелистер, пак, ќе биде дел од групата Б заедно со тимовите на Веспрем, Загреб, Мешков Брест и Металопластика.

Се вчитува...