СЕХА многу послаба: Веспрем се откажа, Србите се враќаат!

СЕХА регионалната лига ќе биде значително ослабена во новата 2017/2018 сезона со неиграњето на еден од најдобрите европски клубови, унгарски Веспрем.

По дефинитивно утврдување на листата на клубови кои ќе партиципираат во новиот шампионат, седмата сезона во СЕХА Гаспром лигата ќе има десет клуба од кои повторно два од Македонија, Вардар и Металург.

Во регионалното натпреварување повторно се враќаат српските клубови, сега Динамо Панчево и Војводина, а остануваат словенечките Цеље Пивоварна Лашко и Горење Велење, како и хрватските ППД Загреб и Нексе, дополнети со белорускиот Брест Мешков и словачкиот Татран Прешов.

Новата сезона во СЕХА лигата ќе почне со натпреварите од првото коло на 29. и 30. август.

Се вчитува...