СЕХА во следната сезона со 12 екипи, се враќа Веспрем

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

СЕХА лигaта во следната сезона ќе има 12 екипи кои во регуларниот дел ќе бидат поделени во две групи. На овој начин ќе им биде полесно на клубовите да се натпреваруваат на повеќе фронтови, објави претседателот на лигата, Михајло Михајловски.

„Вчера имавме собрание на лигата, донесовме неколку значајни одлуки, со нив мислиме дека ќе ја унапредиме лигата. Следната сезона со 12 екипи во две групи по шест, вкупниот број натпревари ќе биде 14, ќе се олесни на клубвите, да можат да играат и национални првенства и европски купови“ – објави Михајловски.

Михајловски соопшти дека во натпреварувањето се враќа и унгарскиот Веспрем кој ги пропушти претходните две сезони.

„Имаме осум стандардни екипи, на наше задоволство Веспрем сфати дека им е нопходна СЕХА, потврдија дека ќе играат следната сеозна, ќе потпишеме договор на три години“ – изјави претседателот на СЕХА.

За останатите потенцијални екипи учеснички од СЕХА засега не би сакале да соопштуваат, велат дека траат преговорите, до крајот на мај се очекува да биде комплетиран списокот учесници за следната година.

„Ќе имаме турнирско натпреварување за кадети бидејќи мораме да размислуваме за иднината на ракометот. Веќе имаме визија и концепт, до крајот на мај ќе го официјализираме и системот на јуниорите“ – дополни Михајловски.

Михајловски изрази задоволство од организацијата на Ф4 турнирот во Брест како и од тенденцијата на континуиран развој на СЕХА лигата. Тој се надева дека трендот на прогрес ќе продолжи и во следните години.

Се вчитува...