Сеир на денот за МЗТ: Нема офсајд во кошарка (видео)

МЗТ Скопје е пример за сите кошаркарски клубови ширум Европа како не се игра одбрана во овој спорт. Кој не верува, нека ја погледне оваа акција на Мега од првото полувреме во дуелот со македонскиот првак, кога сите играчи на „металците“ бранеа шут од далечина, додека Александар Лазиќ стоеше осамен под обрачот, за на крајот да добие топка за лесно забивање.

„Нема офсајд во кошарка“ – гласеше сеир-коментарот на официјалниот твитер-профил на АБА-лигата, крај објавеното видео и сеирот на сметка на МЗТ.

Се вчитува...