Сеир на годината: Гери Невил ќе облече дрес на Шаќири

Гери Невил и Џејми Карагер своевремено беа големи противници на дуелите меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул, сега заедно работат како стручни аналитичари на „Скај Спортс“, но не престанаа со ривалството што ги красеше како играчи.

Така, неодамна двајцата поранешни фудбалери се обложија кој ќе биде поуспешен во изведување на пенали, победи Карагер, а казната за Невил дефинитивно се вбројува меѓу кандидатите за „сеир на годината“. Не само што легендата на Манчестер јунајтед ќе треба да се појави на утрешното шоу пред мечот Кристал палас – Ливерпул во дресот на својот вечен ривал, туку Карагер стави „шлаг на тортата“, па на дресот со број 23 стои името на Џердан Шаќири.

Невил неодамна го критикуваше Швајцарецот, тој одговори со гол со ножички на пријателскиот дуел со Манчестер јунајтед во САД, но кога слушна за облогот и самиот Шаќири се вклучи во сеирот, пишувајќи посебна посвета на дресот што утре Карагер ќе му го даде на Гери Невил да го облече.

„За Гери, мојот најголем навивач. Немој да се премислуваш. Извини, немој да се премислуваш за овој облог, Џердан Шаќири“ – му напиша новиот фудбалер на Ливерпул на поранешниот капитен на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...