Сеир од „Делије“ на дербито: Земи го Жељко и Мајкл Џордан (видео)

Навивачите на Црвена Звезда еуфорично ја прославија големата победа над вечниот ривал Партизан, во првото супердерби што двата белградски гиганти го одиграа во рамките од Евролигата.

„Црвено-белите“ ја продолжија извонредната победничка серија што трае од доаѓањето на Душко Ивановиќ за тренер, а верните навивачи на Црвена Звезда, популарните „Делије“ не ја пропуштија можноста да му фатат сеир на противничкиот стратег Жељко Обрадовиќ.

„Земи го Жељко и Мајкл Џордан“, ечеше од трибините на белградска „Арена“ додека „Делије“ чекаа да бидат спроведени надвор од салата.

Видеото од навивањето на приврзаниците на „црвено-белите“ може да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...