Сеирот пред се: Возеше 150 километри за да му се изнасмее в лице на навивач на Евертон (видео)

Францускиот весник „Л’Екип“ почна со доделување на награда „Навивач на годината“, која завршува во рацете на еден приврзаник на Њукасл.

Тој се надмина по мартовскиот дуел меѓу Њукасл и Евертон, на кој неговиот тим се врати од негатива од 0-2 и на крајот триумфираше со 3-2. Навивачот со име Ден не заборави дека има пријател што е приврзаник на Евертон, а за да му фати сеир не му пречеше да вози над 150 километри.

Кога стигна до куќата на пријателот, тој само му се изнасмее в лице, се сврте и си замина…

Му напишав СМС-порака за да се пошегувам, но тој не ми врати. Затоа, решив да дојдам кај него дома“ – коментираше Ден.

 

Се вчитува...