Сејдини: Чест е да се добие довербата, подготвени сме да разговараме со Каевски

Новоизбраниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини во следните две години ќе ќе ја предводи најмоќната спортска институција кај нас. По изборот тој потенцира дека легитимитето го добива од делегатите на собранието, околу проблемите кои вчера ги изнесе директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски вели дека секогаш постои простор за разговор.
„Голема чест е да се добие довербата на делегатите на Собранието на ФФМ. Тие всушност и го даваат легитимитетот на претседателот. Ќе се трудам со напорна работа да ја оправдам дадената доверба. Што се однесува до најавите од Дарко Каевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, на Собранието денеска присуствуваше заменик директорот Газменд Ристеми. Тој слушна дека ФФМ ја има довербата од УЕФА и од ФИФА и дека статутите се усогласени. Но, секако сме подготвени да разговараме за се, и да ги подобруваме релациите и состојбите во иднина, се во интерес на напредокот на македонскиот фудбал“ – порача Сејдини.
Директорот на АМС, Каевски вчера на прес конференција рече дека ФФМ мора да го усогласи статутот со Закотот за спорт, во спортивно Агенцијата ќе ги преземе сите дозволени мерки.

Се вчитува...