Сејдини: Да ја задржиме скромноста и натпреварувачкиот дух пред клучните мечеви во групата

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини искажа отворено задоволство од постигнатите резултати на националниот тим во септемвриските квалификациски натпревари против Израел и против Летонија, притоа повикувајќи да се зачува натпреварувачкиот дух пред финишот на квалификацискиот циклус.

„Честитки за фудбалерите и стручниот штаб за успешните настапи во Израел и во Летонија. Уживаме во овие фудбалски денови. Убеден сум дека ќе ја задржиме скромноста и натпреварувачкиот дух. Благодарност до сите кои препознаваат ‘срце на терен’ во овој тим“ – вели Сејдини по синоќешната победа на Македонија на гостински терен против Летонија.

Се вчитува...