Сејдини горд на репрезентацијата: Ова е повеќе од фудбал… мали сме, но заедно сме моќни

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини, не ја криеше гордоста по ново одлично издание на нашиот нациоанлен тим во ремито против големиот фаворит Англија.

Со видео од голот на Барди и радоста на трибините, Сејдини порача дека успесите на оваа репрезентација се повеќе од фудбал за нацијата…

„Еден гол запали пламен радост во срцата на 30.000 навивачи на Арената “Тодор Проески” вчера! Ова е повеќе од фудбал. Се работи за секој граѓанин на Република Македонија кој верува, навива и сонува. Мали сме, но заедно сме моќни. Напред #Македонија !“, порача Сејдини.

Се вчитува...