Фудбалската репрезентација на Македонија приреди сензација откако синоќа славеше на гостувањето кај Италија со 0-1 во полуфиналниот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Катар.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини им го честиташе големиот успех на фудбалерите и пласманот во финалниот меч против репрезентацијата на Португалија.
„Кога ви е потребна инспирација за успех погледнете ги овие јунаци! Најубавата приказна од Македонија“, напиша претседателот на ФФМ, Сејдини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА