Сејдини: Ова се најголемите амбасадори на Македонија!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини по историскиот пласман на Македонија во баражот за СП 2022 не го криеше задоволството од новите успеси на македонскиот репрезентативен фудбал.

Сејдини веднаш по триумфот испрати порака со честитки за репрезентативците и стручниот штаб, нагласувајќи ја поддршката која и натаму како и секогаш досега ќе ја имаат од ФФМ.

„Ова се најголемите амбасадори на Македонија“ – истакна Сејдини.

Управниот одбор на ФФМ наредниве денови ќе одлучува и околу висината на премијата за репрезентативците за пласманот во баражот за СП 2022.

Се вчитува...