Сејфулаху освои сребро на Балканското првенство во борење

Македонскиот борач Елмедин Сејфулаху го освои сребрениот медал на Балканското првенство за јуниори во борење слободен стил во Бурса, Турција.

Сејфулаху, во категоријата до 60 килограми во финалето беше поразен од европскиот вицешампион Микјај Наим од Бугарија со 5-15.

Сребрениот медал е без сомнение голем успех за македонскиот борач до кој стигна во исклучително силна конкуренција.

До финалето, Сејфулаху извојува три победи против Турчинот Алдоглу со 8-3, Гани Халили од Косово 8-0 и против Норберт Молнос од Романија славеше со 8-2.

Се вчитува...