Гоце Георгиевски го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес, добивајќи ја капитенската лента за да ја предводи Македонија на дуелот со Турција на кој триумфално беше ставен печат на пласманот на ЕО 2024.
Секогаш скромен, популарниот „Џомба“ секогаш беше тука за Македонија, како стандарден член на репрезентацијата што повеќе од една деценија е редовен учесник на големите натпреварувања ширум Европа и светот.
На 36-годишна возраст, дојде време да се каже збогум на репрезентативниот дрес, но Георгиевски ќе остане запаметен како пример за генерациите што доаѓаат…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА