Секоја чест: Калин Ивановски во голем стил до трофејот во Австрија

Калин Ивановски ја потврди извонредната форма во која се наоѓа најдобриот македонски тенисер откако успеа да стигне до трофејот на турнирот што се одржуваше во Крамсах, Австрија.

Ивановски во денешното финале се сретна со Ли од Јужна Кореја, демонстрираше целосна надмоќ на теренот и лесно и убедливо сстигна до победа од 6-2, 6-2. На Калин му беа доволни само 68 минути за да стигне до вториот трофеј во оваа 2023 година (по оној на турнирот во Скопје), вкупно петти во неговата кариера.

Ова е уште еден доказ за тенискиот напредок на македонскиот тенисер, кого по најновиот пехар дефинитивно го очекува и нов скок на АТП-листата, каде моментно се наоѓа на 335. позиција.

Се вчитува...