Секоја чест: Македонски куглар постави нов Гинисов рекорд

Македонскиот репрезентативец во куглање, Урош Стоклас испиша нова страница во историјата на овој спорт откако постави невверојатен Гинисов рекорд – најдолго непрекинато куглање во времетраење од цели 25 часа.

Стоклас покажа фантастичен спортски дут, но и неверојатна физичка и психолошка издржливост, стигнувајќи до овој неверојатен рекорд.

За време на реализцијата на овој Гинис- предизвик, македонскиот ас успеа да собори повеќе од 15.000 кегли. Тој одигра дури 26 целосни серии, односно по 120 фрлања во секоја серија.

„Успешна мисија и нов гинисов рекорд за македонскиот репрезентативец Урош Стоклас! Натчовечки напори и 25 часа непрекинато куглање, речиси 3200 фрлени кугли, срушени над 15.000 кегли, 26 цели серии по 120 кугли и просек од 615! Чест е да се биде сведок на ваков подвиг на врвен спортист од планетарен ранг, посебно што е наш репрезентативец и наш спортски амбасадор“, објави Кугларската федерација на Македонија.

Се вчитува...