Секоја чест – Надал донираше три тони храна за најсиромашните

Рафаел Надал уште еднаш ја потврди својата човечка големина откако преку својата фонданција обезбеди помош за најсиромашните. „Банката за храна на Мајорка“ денеска објави дека од фондацијата на Надал биле добиени дури три тона храна кои ќе бидат распределени на сиромашните семејства на Балеарските острови за новогодишните прзазници.

„Оваа донација се состои од храна, бидејќи сметаме дека тоа е најнеопходно во овој период“, се вели во краткото соопштение на фондацијата „Рафаел Надал“.

Шпанскиот тенисер самиот се јави со изјава за крајот на оваа година, барајќи од сите да продолжат да ги почитуваат мерките во борбата против коронавирусот.

„Од нас зависи ситуацијата повторно да не се влоши. Затоа, неопходно е да продолжат да се следат мерките. Кажуваме збогум на годината што дефинитивно сите ќе сакаме што побрзо да ја заборавиме. Испраќам сочуство до сите оние кои загубиле блиски луѓе во 2020. Се надевам дека работите ќе бидат многу подобри во 2021 година“, порача Рафаел Надал.

Се вчитува...