Михаел Олис со одличните партии во дресот на Франција покажа зошто Реал Мадрид подготвува богатство за да го убеди на трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.
Олис мајсторски го проигра Мбапе при првиот гол на Франција на синоќешниот дуел со Англија, а потоа асистираше и при третиот погодок на „триколорите“, повторно дело на Мбапе.
Она што е најважно – асот на Баерн со овие две додавања урна рекорд што долги години беше сопственост на големиот Пеле. Имено, Французинот го заврши настапот на својот прв мундијал со седум асистенции, а никој досега немал повеќе од шест успешни додавања за погодок на светските првенства.
Пеле беше рекордер во оваа категорија со одличниот настап на 1970 година, но Олис е играчот што испиша нови страници во мундијалската историја на ова светско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
