Секс играчки почнаа да слетуваат и на НФЛ терените

Тенеси Тајтанс ги победија Минесота Вajкинг со 23-13во подготвителниот натпревар пред новата сезона на НФЛ шампионатот, а натпреварот во Нешвил беше обележан со бизарна сцена.

Некој од публиката сметаше дека е соодветно да фрли секс играчка на теренот, која падна на шест јарди од крајната зона пет минути пред последниот свиреж. Дилдото брзо беше отстрането, а Тајтанс истакнуваат дека пријавиле кој го сторил тоа и го пријавиле инцидентот во полицијата во Нешвил.

На ова му претходеше серија слични инциденти на три различни натпревари од ВНБА, а три лица беа уапсени за овој чин. Како што објави ESPN, се сомнева дека претходните дејствија биле организирани во групна „чет“ за тргување со криптовалути.

Се вчитува...