Секуловски: Ако ФФМ ја поништи одлуката за намалување на ПФМЛ, ФК Пелистер може да остане прволигаш

Предводникот на стручниот штаб на Пелистер, Марјан Секуловски, на денешната прес-конференција јавноа им се извини на навивачите и на целата битолска јавност по елиминацијата на клубот од Првата македонска фудбалска лига.

Сепак, тој вели дека надежта последна умира и се уште има шанса Пелистер да остане прволигаш.

„Прво сакам да им се заблагодарам на сите наши навивачи што дојдоа во Кавадарци да нè поддржат. Количеството на радост при израмнувачкиот гол и тагата по загубените пенали се доказ колку Пелистер им значи на битолчани. Сакам да им се извинам на сите што не успеавме да ги оствариме нашите цели, иако мислам дека јас сум тој што најмалку треба да се извини. Во последните два месеци, на девет натпревари забележавме пет победи, три ремија и само еден пораз. Со тие 18 бодови, Пелистер под мое водство би бил на второто место, веднаш зад Вардар. Надежта последна умира. Сметам дека постојат механизми поради кои Пелистер може да остане во ПМФЛ. Имаше сличен случај во една соседна земја која ќе игра на Светско првенство, каде што беше стопирана одлуката за намалување на лигата. Затоа верувам дека Пелистер може да игра и следната сезона во елитата“, порача Секуловски.

Се вчитува...